Бомбардиран мигрантски центар во Триполи – 40 загинати

Најмалку 40 лица загинаа при воздушен напад на мигрантски центар во предградието на Триполи, соопшти либиското Министерство за здравство.

Портпаролот на Министерството за здравство рече дека во нападот во центарот на Таџури се повредени 80 мигранти. Владата за бомбардирањето ја обвини таканаречената Либиска национална армија под водство на Халифа Хифтер.

Земјата е поделена меѓу две завојувани фракции, а силите под команда на Хифтер држат голем дел од источна и јужна Либија.

Треба да знаете
Последни објави