Стен Вавринка беше елиминиран од „Вимблдон” по поразот во пет сета од Рајли Опелка – 7:5, 3:6, 4:6, 6:4, 8:6 по 3 часа и 16 минути игра.
Американецот на тој начин се пласираше во третиот круг, каде го чека победникот од судирот меѓу Робин Хасе и Милош Раониќ.
Бр.22 во шемата, пак Вавринка се приклучува на Стефанос Циципас и Александар Зверев кои веќе ги напуштија терените на „Ол Ингланд Клаб” уште во првиот круг.
Данил Медведев, Беноа Пер, Јиржи Весели и Давид Гофен продолжуваат во третиот круг по денешните победи.