Ватикан нареди да бидат отворени две гробници со цел да се разреши мистериозно исчезнување на тинејџерка пред 36 години. Емануела Орланди имала 15 години кога исчезнала без трага во летото 1983 година. Ќерката на истакнат вработен во Институтот религиски дела, познат како Ватиканска банка, последен пат била видена на часови по музика во базиликата Sant’Apollinare во Рим.
Џан Пјеро Милано, застапник на правдата во Ватикан, вчера одобри две ексхумации како одговор на петицијата што ја покрена семејството на тинејџерката, кое верува дека нејзиното тело е погребано на гробиштата во Ватикан. Мајката и братот на Орланди сè уште живеат во Ватикан и продолжија да вршат притисок изминативе години да се истражи нејзиниот случај. Адвокатот на семејството минатото лето добил анонимна порака која сигерирала дека ,,треба да бараат каде што ангелот покажува”, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Тоа го одвело семејството до ѕид на гробишта каде има што има нацртано ангел. Гробниците ќе бидат отворени в четврток, на 11 јули, објави портпаролот на Ватикан, Алесандро Гизоти.
Гизоти го опиша случајот како ,,долг и болен”, но исто така тој изрази надеж дека наскоро би можел да се разреши. Коските коишто ќе бидат пронајдени за време на ексхумацијата ќе бидат дадени на ДНК-анализа во лабораторија.