(Видео) Целосното затемнување на сонцето предизвика спектакуларни глетки во Јужна Америка

Целосното затемнување на сонцето мина како спектакуларна небесна појава која ги фасцинира жителите на Јужна Америка, а феноменот го следеа илјадници луѓе кои се собраа за да бидат сведоци на истиот.

Затемнувањето започна од правец на Тихиот Океан, а појасот на видливото затемнување се протегаше над Чиле и Аргентина.

Како што јави Би-би-си, овој спектакл беа во можност да го набљудуваат и снимаат локалните ентузијасти, но, исто така и најмоќните телескопи во светот.

Оние што го следеа ова затемнување можеа да уживаат во сите фази, проследени со неверојатни светлосни ефекти.

Првиот и единствен дел од Земјата во Тихиот Океан, кој се наоѓаше на патот на затемнувањето беше малиот остров Оен.

Овој ненаселен остров бил во тотален мрак речиси три минути, вчера со почеток во 10:24 часот по локално време, или околу 19:24 според овдешното сметање на времето.

Треба да знаете
Последни објави