Помина повеќе од две години откако СДСМ е на власт, а животот којшто го ветуваa дојде само за Зоран и Вице Заеви, за Анѓушев, Рашковски и нивните блиски. Граѓаните секој ден живеат се потешко, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Аболицираниот Заев е на чело на криминалната банда која во овие моменти ја пустоши државата. Криминалната банда која што ја зароби државата, буџетската сметка ја користи за исплата на партиските пајташи преку криминални тендери и грантови. Криминалот и корупцијата добија епидемиски размери, а Заев, Спасовски, Царовска, Шекеринска и останатите го зголемуваат личното богатство. Ќе дојде денот кога Заев и неговите послушници ќе одговраат за ова нивно расипничко владеење.
На следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада која целосно ќе се посвети да граѓаните во државата да имаат подобар и побезбеден живот.