Еко-автобуси на Мерцедес или на МАН ќе возат низ Скопје

Мерцедес и МАН се потенцијалните добавувачи на четириесетина еколошки автобуси кои за 8 месеци ќе бидат на скопските улици, а тендерот за избор ќе биде објавен на 5 јули, откри градоначалникот Петре Шилегов.
„На 5 јули се отвора тендерот и ќе го добиеме најдобриот понудувач за еко-автобусите. Моите очекувања се дека, од информациите што ги имама од ЕБРД, има два потенцијални добавувачи кои се квалификувани, а тоа се „Мерцедес“ и МАН. Нема да дозволиме импровизација во Скопје. Во рок од осум месеци очекувам дека тие ќе бидат на нашите улици, рече градоначалникот на прес-конференција при почетокот на реконструкцијата на улицата „Московска“ во Карпош.
Договорот за користење заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра беше потпишат во јануари. Со тие пари плус со 1,8 милиони евра од сопствено учество на ЈСП треба да се набават околу 35-те нископодни (зглобни и моно автобуси).
Треба да знаете
Последни објави