Изминатиот јуни е најтоплиот месец регистриран на Земјата

Агенцијата за сателитско следење на Европската унија соопшти дека изминатиот јуни бил најтоплиот месец регистриран на нашата планета.

Како што во вторникот пренесе британски „Индипендент“, податоците од сервисот за климатски промени „Коперникус“ (C3S) покажуваат дека просечната температура во јуни на глобално ниво била повисоко од нормалата, додека во Европа била во просек за повисока за околу два Целзиусови степени од вообичаените вредности за овој месец.

Според податоците на C3S, глобалната просечна температура била повисока за околу 0,1 Целзиусови степени од претходно најтоплиот регистриран јуни во 2016 година.

Во Франција, Германија и Шпанија во последните неколку дена од минатиот месец, температурите биле повисоки од шест до 10 степени во споредба со просекот за тој период.

C3S наведува дека, иако оваа појава засега не е можно директно да се поврзе со глобалното затоплување, токму поради овој феномен во иднина треба да се очекуваат и почести налети на топлотни бранови.

Треба да знаете
Последни објави