Малолетен моторџија се судрил со „ауди“

На 02.07.2019 во 18.15 часот на регионален пат Јегуновце-Желино, во село Сиричино, се случило сообраќајна незгода помеѓу автомобил ,,Ауди А6“ управувано од Р.М.(32) од село Голема Речица и мотоцикл „Јонваи“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Јанчиште.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово .

Треба да знаете
Последни објави