Министерот Исмаили се сретна со Артур ле Гал од Меѓународниот центар за креативни индустрии

Министерот за култура Хусни Исмаили имаше работна средба со Артур ле Гал, директор на „KEA European Affairs” – интернационален политички истражувачки центар специјализиран за култура и креативни индустрии и за спорт со седиште во Брисел.

– Министерот Исмаили ги потенцираше огромните напори што ги прави земјава во областа на креативните индустрии и го сподели значењето што го имаат овие индустрии за поширокото општество и за економијата. Целта на средбата беше да се потенцира мултидисциплинарниот карактер на креативните индустрии, да се споделат искуствата од сработеното во различните области на културното и креативно дејствување во регионот и да се продлабочи соработката, соопшти Министерството за култура.

Додава дека соработката со центарот „KEA European Affairs”, кој ги развива европските политики во културата, ќе биде во насока на промоција на автентичноста, оригиналноста и различноста.

– Идната соработка на ова поле за Северна Македонија ќе значи развивање на креативноста базирана на културата и вклучување на културните прашања во другите политички области, наведува Министерството за култура. 

Треба да знаете
Последни објави