Момчиња во ирско училиште ќе можат да носат здолништа

Момчиња во ирско училиште, ако сакаат, ќе можат да носат здолништа, бидејќи е усвоен правилник за неутралност на половите според кој, секој ученик може да се облекува онака како што сака.

Училиштето Сент Бригид во северниот дел на Даблин го усвои предлогот на ученичкиот совет, објави Даблин Лајв.

Децата сега, без оглед на полот, можат слободно да облечат што сакаат, а новата директива треба да стапи во сила веќе во септември, кога започнува новата учебна година.

Исто така, од машките и женските тоалети ќе бидат отстранети ознаките кои, како што се надеваат, ќе им овозможат на учениците да се чувствуваат поудобно. Директорката на училиштето Мари Костело истакнува дека реакциите на промените се главно позитивни.

Треба да знаете
Последни објави