Над три четвртини од британските пратеници имаат проблеми со менталното здравје

Над три четвртини од пратениците во Велика Британија се соочуваат со проблеми со менталното здравје, откри еден нов извештај.

Студијата, објавена од БMJ, покажа дека 42 отсто од британските пратеници кои одговориле на истражувањето имале полошо ментално здравје од оптималното, додека 34 отсто имале веројатно лошо ментално здравје.

Само 24% од испитаниците не покажале знаци на влошено ментално здравје.

Овие наоди сугерираат дека пратениците се поподложни на проблеми со ментална благосостојба во споредба со општата јавност или оние во споредливи професионални групи, истакна БМЈ.

Мнозинството пратеници, исто така, не знаат како да пристапат до поддршка за ментално здравје во Парламентот, при што 77 отсто од анкетираните не се свесни за можностите што ги нуди внатрешната парламентарна служба за здравје и благосостојба.

Сите 650 пратеници со седишта во Долниот дом беа поканети да учествуваат во анонимното онлајн истражување кое беше спроведено во декември 2016 година, но само 146 пратеници (23%) учествуваа.

BMJ ја истакна ниската стапка на одговор, посочувајќи дека тоа би можело да се должи на тековната стигма кон прашањата поврзани со менталното здравје, како и загриженоста за приватноста при јавна работа.

„Во услови на сè понепријателско медиумско опкружување, влошеното ментално здравје може да се смета како фактор што ги ограничува политичарите во нивните капацитет“, се вели во студијата.

„Стигмата и само-стигмата за менталното здравје се чини дека остануваат моќна бариера за барање помош и поддршка меѓу членовите на Долниот дом на Обединетото Кралство“.

Д-р Ден Портер, пратеник и ко-автор на студијата истакнува дека таа укажува на огромна потреба за поддршка на луѓето што ги носат и анализираат законите според кои се води земјата, а кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје.

Никол Вотруба, исто така водечки коавтор, изрази загриженост во врска со тоа колку малку пратеници знаеле за достапноста на услугите за ментално здравје што им се нудат.

Таа додаде дека степенот на стигма меѓу пратениците е изненадувачки и се чини дека не соодветвствува на зголемената јавната свест за менталното здравје.

Треба да знаете
Последни објави