Прегазено девојче на велосипед

Битолчанец со автомобил удрил во малолетна велосипедистка и ја повредил, вчера во Битола, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19.30 часот на крстосница од улиците Билбил камен и Кирил Вангелов  во Битола. Тогаш М.А.(24) управувајќи автомобил „форд ескорт“, удрил во велосипед управуван од 11-годишно девојче.

Велосипедистката била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави