Сергеј Шојгу: Некои морнари го преживеаја пожарот во руската подморница

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека некои членови на екипажот го преживеале пожарот во кој загинаа 14 морнари во една од руските подморници кои се занимаваат со истражување на големи длабочини.

Шојгу не кажа колку членови на екипажот биле спасени од пожарот во понеделникот, објави АП.

Денеска во арктичката база на морнарицата во Североморск, Шојгу го пофали екипажот на подморницата за „херојската” акција, велејќи дека тие ги дадоа своите животи за да ги спасат цивилниот експерт и подморницата по избивањето на пожарот.

 

Треба да знаете
Последни објави