Тамара Еклстоун го подари своето измолзено млеко на жена што ја запозна преку интернет

Откако пред неколку години ја изненади јавноста откривајќи дека своето млеко го става во чајот на нејзиниот сопруг, 34-годишната Тамара Еклстоун отиде чекор понатаму. Зборувајќи за мајчинството во поткастот „Happy Mum, Happy Baby“, богатата наследничка откри што направила со вишокот млеко откако престанала да ја дои денес петгодишната ќерка Софија.

„Морав да користам пумпа бидејќи имав премногу млеко. Морав да го замрзнам. Кога на шест месеци почна да јаде друга храна, отидов на сајтот за размена на млеко”, призна Тамара.

Треба да знаете
Последни објави