Дел од Хрватите се тушираат еднаш месечно и не користат дезодоранс

И покрај тоа што има Хрвати кои се капат еднаш месечно, истражувањата покажуваат дека една третина од нив се тушираат секој ден (66,3 проценти), а една четвртина неколкупати неделно (26 проценти).

Еднаш неделно се мијат 5,9 Хрвати, а еден процент од нив го прават тоа само еднаш месечно, па затоа да се биде блиску до нив за време на овие пеколни горештини е навистина непријатно.

Во однос на употребата на дезодорансот,  дел од Хрватите сметаат дека е непотребен и никогаш не го користат, 9,3 проценти. Останатите 90,7 проценти имаат дезодоранс дома и го користат редовно, а најпопуларни се оние во спреј.

Хигиенските навики на Хрватите ги испитуваше компанијата „Хенкел“ и магазинот „Ја трговац“. Тие анкетираа 400 граѓани на возраст над 16 години.

Треба да знаете
Последни објави