Италијанската НВО за транспорт на мигранти Mediterraneo Saving Humans заплови со нов брод во Медитеранот по конфискацијата на нивниот друг брод, пренесува „Ил џорнале“.
Новиот брод „Алекс“ неделава плови во областа покрај крајбрежјето на Либија, познато како зона за пребарување и спасување, а шефот на групата изјави дека бродот ќе ги собере илегалните мигранти и ќе ги однесе во италијанските пристаништа.
Лука Касарини, шеф на невладината организација, беше под истрага на италијанските власти поради трговија со луѓе и беше сосолушуван од заменик-обвинителот на Агриџенто, Салваторе Вела, во април.
Во соопштението за медиумите, невладината организација изјави:
„Ќе стигнеме до т.н. либиска САР, област контролирана од милиции што соработуваат со трговците со луѓе легитимизирани од италијанската политика и политиката на ЕУ. Нашето присуство е единствената вистинска пречка за нивната работа”.
Групата, исто така, го спомена капетанот на Sea Watch-3, Карола Ракете, кој беше уапсен од италијанските власти викендот откако удрил патролен брод во обид за принудно истоварање мигранти во италијанското пристаниште, тврдејќи дека Ракете го сторил тоа што е исправно.
Мисијата на „Алекс“ нема да биде директно да ги собере мигрантите, бидејќи бродот не е опремен за таква задача, туку за поддршка на две други невладини организации за транспорт на мигранти кои работат во либиската зона САР.
Досега Mediterraneo Saving Humans успеа да собере повеќе од 800.000 евра за својата операција за транспорт на мигранти , мнпогу повеќе од планираните 700.000 евра.
Извештаите од минатиот месец покажаа дека оваа НВО, заедно со Sea Watch, потрошиле милиони евра во последните неколку години за нивните операции во Медитеранот.
Популистичкиот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини, чии политики доведоа до драстично намалување на смртните случаи на давење и нелегална миграција, ја нарече Sea Watch организација за трговија со луѓе и неодамна испрати патролни бродови за да ги спречат другите бродови да влезат во италијанските води со мигрантите.