Колку вреди квалитетното образование во нашата земја?

Најголем број од студентите во својата потрага по добро образование кое ќе ги подготви за предизвиците на модерниот пазар на труд, избираат образовни институции каде едукативниот процес повеќе се базира на практично знаење и подготовка за веднаш да се вклопат во професионална средина. Оваа потрага досега најчесто водеше кон универзитети надвор од државата, што секако подразбира голем финансиски трошок.

Во насока да се промени овој тренд, Меѓународниот Балкански универзитет, кој во 2017-та година доби највисока оценка од престижната Шангајска универзитетска листа во категоријата настава и учење, од сите универзитети од нашата земја, во соработка со Халкбанк АД Скопје создадоа уникатна можност за секој студент да има пристап до навистина квалитетно, модерно и практично знаење. Станува збор за финансиски производ кој обезбедува намалена школарина од 1000 евра која ги покрива сите трошоци за студирање и нуди дополнителни поволности за студентите како електронско банкарство, студентски картички кои овозможуваат повлекување на готовина од кој било банкомат во земјата и низ светот, без провизија. Школарината може да се плаќа на еднакви месечни рати, со грејс период од три месеци, додека каматата е целосно покриена од страна на Меѓународниот Балкански универзитет.

Ова е можност за студирање во границите на својата земја, за сума која не го оптоварува домашниот буџет, а при тоа крајниот резултат е дипломец кој е одлично подготвен за почеток на своја кариера од областите на инженерството, економијата, комунукациите, дизајнот, психологијата, правните науки, јазиците, итн.

Меѓународниот Балкански универзитет во своето портфолио има 7 факултети со 18 додипломски студиски програми и 10 пост дипломски студиски програми.

Изберете меѓународна академска средина, со настава целосно на англиски јазик, која се одвива на еден од најмодерните универзитетски кампуси во земјава и пошироко, можности за студентска размена преку Еразмус+ и пракса во преку 150 универзитети кои имаат активна соработка со универзитетот. Сите овие поволности ви ги приближуваат Меѓународниот Балкански универзитет и Халкбанк. Меѓународен Балкански универзитет, твојот избор, твојата иднина.

Треба да знаете
Последни објави