Пјат негира дека тајно се сретнал со Заев на Халкидики

Амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пјат и амбасадата во Атина експресно го негираше тврдењето на грчкиот весник „То Вима“, дека во текот на викендот дошло до тајна средба меѓу Зоран Заев и амбасадорот.

Според „То Вима“, Заев и Пјат се сретнале во вилата на Заев на првиот крак на Халкидики во саботата напладне. Весникот пишува дека средбата се одржала во најстрога тајност.

Џефри Пјат, амбасадорот на САД во Грција, на новинарско прашање во разговор за агенцијта АН-МПА ги демантираше грчките медиуми дека се сретнал со македонскиот премиер Зоран Заев на северот од земјата.

Пјат на двосмисленото прашање дали патувал некаде надвор од Солун, тој одговори дека нуркал на Халкидики, но дека таму немал средба со Заев.

„Возбуден сум што го искористив викендот за да го посетам Халкидики. Беше убаво. Видов многу риби, мислам, многу повеќе отколку што сум видел на друго место во Грција додека бев на нуркање! Не се сретнав со премиерот Заев, па не верувајте во сè што  гледате во печатот, но беше прекрасен викенд. Јас дефинитивно ќе барам можност да се вратам и да поминам уште некое време таму“, рече дипломатот.

Дополнително, за перспективите на Грција како европски енергетски центар, Пјат рече дека еден од приопритетите е да се развијат енергетски инфраструктурните врски помеѓу Солун и Северна Македонија.

„Грција е суштински партнер во помагањето да се изгради диверзификација на енергијата и енергетската безбедност низ југоисточна Европа“, наведе тој.

Треба да знаете
Последни објави