Лагата на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-Нав е целосно разобличена

Христијан Мицкоски и Иванка Василевска мора да се извинат до целата јавност за лагите што бесрамно ги шират со денови. Лагата на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-Нав е целосно разобличена, се вели во соопштението на СДСМ како реакција на прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако се потврди дека јавната набавка за М-Нав е реализирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на таткото на министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се извинат за изнесените невистини.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на лагите и деструкција, Мицкоски останува главен извор на лажни информации и невистини.
Треба да знаете
Последни објави