ФОТО: Скопјанец претепан од пијани средношколци

Кај Универзална сала во Скопје пред неколку дена едно лице било нападнато и брутално претепано од две други лица, кои наводно биле во алкохолизирана состојба, а случајот е пријавен и во МВР.

Слики од нападот беа објавени и на социјалните мрежи.

“Седевме на клупа пред Универзална сала и си правев муабет кога помина до нас група средношколци предводени од еден дечко кој изгледаше и звчуеше ѓон пијан. Тој дечко подоцна дознавме дека се вика Петар Арсовски. Веројатно бидејќи батето беше пијан му се причинило дека го гледаме на криво (а јас воопшто не го ни приметив додека не ми се обрати) и без никаква провокација и причина почна со агресивен тон да повторува “Имаме ли проблем?” на кое што јас неколку пати одговорив дека немаме никаков проблем и дека не ми е јасно зошто мисли дека има проблем. Осетив со кого си имам работа и дека е доволно пијан за да направи глупост, и додека да им кажам на неговите другари да го приберат, Петар Арсовски без предупредување замавна со ногата кон мојата фаца. Во тој момент јас станав од клупата и се упатив кон Петар Арсовски кој продолжи да удира боксови и да вика “Шо враќаш?” Во целата збрка се сеќавам дека успеав да го фатам во лок и паднавме двајцата на земја. Додека бевме на земја, неговиот другар кој подоцна дознавме дека се вика Никола Митиќ не престана да ми мава боксови и клоци по грбот и половината. Кога малку стивнаа ударите, јас се уште на земја, извикав дека ќе викнам полиција. Едвај застанав на нозе, целиот жива вода и со искината маица и свртев на 192. Во меѓувреме Петар Арсовски избега, а Никола Митиќ примети дека вртам на полиција и проба да ме спречи физички и вербално, при што ми удри уште еден бокс по уво и почна да бега. Дојде полиција, објаснивме што се случи и потоа ме однесоа во болница. За сега рентгенот не покажа дека имам скршеници, а ги чекам другите резултати. Денес имам огромни болки во половината, проблеми при одење и станување, видливи модрици насекаде по телото кои болат при било каков допир и имам проблем со спиењето. “, пишува во објавата на социјалните мрежи.

Прочитајте и…  Лажниот мигрант од Центар си игра со живците на нервозните родители

„На 30.06.2019 година во 02.00 часот во Полициската станица Центар, С.С.(23) пријавил дека на бул.„Партизански Одреди“ физички бил нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот“, стои во соопштението на МВР.

 

Треба да знаете
Последни објави