Американската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по згрешената изведба на Тамара Тодевска на македонската химна на синоќешната прославата на Денот на независноста, 4 Јули.
Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека грешки може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.