СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Б.(18) и А.О.(19), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин”. На 29.06.2019 година на ул.„Коце Металец” во Скопје првопријавениот со употреба на физичка сила и одзел златно ланче од оштетената, по што со патничко возило, управувано од второпријавениот, избегале од местото. По преземени мерки било пронајдено возилото и двете пријавени лица.