Дураки назначен за вицепремиер во владата

На седница на Владата која се одржа денеска, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки, е назначен за вицепремиер односно за заменик на претседателот на Владата, Зоран Заев.

Дураки со неодамнешната реконструкција на владата поднесе оставка од функцијата министер за животна средина и просторно планирање, но ја презеде раководната функција во новотo министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

За својата работа во секторот екологија беше често критикуван во јавноста, но при заминувањето од функцијата Дураки нагласи дека неговото раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина во земјава.

Треба да знаете
Последни објави