Годинава просечна оценка за државната матура е 3.47. Резултатите биле подобри од лани изјави на прес конференција министерот за образование и наука Арбр Адеми.
Просечната оценка за македонски јазик е 3.69, а математика 3.65 и е најдобра во последните 3 години. Изборниот предмет англиски го полагале над 14.000 ученици, а 7 проценти не положиле. Кандидатите кои не положиле во јуни ќе можат да полагаат во августовскиот рок. Ако не положат во август ќе мора да чекаат до јуни идната година.