Во Полициското одделение Новаци, вчера Н.Т.(52) од село Црничани пријавил дека во дворното место пронашол пет гранати од 75мм, една од 65мм и една од 105мм од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Увид извршила екипа од СВР Битола.