Археолошкиот локалитет Акропол, денеска и утре, ќе биде затворен од 13 до 17 часот, поради најавените високи температури, соопшти надлежната служба од Министерството за култура на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката национална метеоролошка служба денес и утре температурата ќе достигне до 40 степени во одредени делови на земјата, а во Атина до 39 степени.