Актерката Анџелина Џоли (44) отиде на прошетка во Лос Анџелес по еднонеделното снимање на филмот „Those Who Wish Me Dad“, а нејзините обожаватели беа шокирани од нејзиниот изглед. Анџелина се појави во долг неиспеглан фустан.
Пудра розовиот макси фустан ја криеше нејзината фигура, која многумина ја нарекуваат слаба, речиси анорексична. Материјалот лесно се тутка , но по се изгледа тоа не ѝ пречеше на актерката.Во последниве години Анџелина многу ослабе, таа е висока 169 сантиметри и има помалку од 40 килограми.
„Дури и лицето ѝ е испиено, а облеката на неа виси како на закачалка. Што прави?“ се прашуваат обожавателите.