Петмина се повредени во сообраќајна несреќа во Струшко, кога ,,бе-ем-ве” излета од патот и заврши во железна ограда. Како што соопшти полицијата, изутринава околу 4 часот во струшкото село Драслајца, Д.Н.(25) од Струга, управувајќи патничко возило „бе-ем-ве“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во железна ограда.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците И.С.(20) од село Драслајца и К.М.(25) од селото Мислешево. Тие биле пренесени во болницата во Струга. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот Д.Н.(25) и сопатниците А.К.(18) и К.К.(19), двете од селото Мороишта. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга.