Градот Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување комплексни градежни активности во сабота и во недела на мостот Гоце Делчев ќе биде воведен привремен сообраќен режим.
Во сабота (06.07.2019 година) поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Мавровка кон Влада (исток-запад). А во недела (07.07.2019 година) поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон Мавровка (запад- исток).
За време на привремениот сообраќаен режим ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.