Гибралтар го задржал танкерот по барање на Вашингтон

Гибралтарските власти го задржале супертанкерот кој превезувал нафта за Сирија, по налог на САД, соопшто вршителот на должност министер за надворешни работи Шпанија, Жозеп Борел, пренесува „Спутник“.

„Ние (Шпанија) бевме сво тек со оваа операција; патролните бродови ја контролираа зоната. Ја проучуваме ситуацијата што доведе до тоа. Станува збор за барање на САД уптено до Велика Британија“, изјави Борел.

Според Борел, оваа ситуација може да влијае и на шпанскиот суверенитет зашто Шпанија го смета Гибралтарскиот Мореуз за свои територијални води.

​Претходно Велика Британија ги поздрави мерките на властите на Гибралтар.

„Ги поздравуваме овие одлучни дејства кои ја обезбедуваат реализацијата на санкциите на ЕУ против сирискиот режим. Ги поддржуваме одлуките на гибралтарските власти кои ја изведоа оваа операција. Сето тоа би требало да испрати јасен сигнал дека прекршувањето  на санкциите е неприфатливо“, истакна тој.

Треба да знаете
Последни објави