Прекумерната дебелина е еден од главните причинители за четирите најчести типови рак, надминувајќи го пушењето.
Еден британски центар за испитување на рак вели дека шансите да се добие рак на дебело црево, бурбрези, јај;ници и црн дроб е поверојатно да се добие поради дебелина наспроти пушење цигари.
Според научниците, милиони луѓе ризикуваат да добијат рак поради нивната телeсна тежина, а бројот на клинички дебели луѓе е двојно поголем од оној на пушачи.
Сепак и покрај овие информации, новата билборд-кампања на организацијата која предупредува од ризиците предизвикани од прекумерната дебелина се најде на удар и беше критикувана оти ги посрамотува луѓето кои се дебели.
Ова не е првпат организацијата да биде критикувана за ваквиот осврт кон дебелината.
„Канцер рисрч“ објасни дека воопшто нема таква намера и дека не ги обвинува луѓето за нивната прекумерна тежина.
Од организацијата велат дека статистиката покажува дека околу 22.800 случаи на заболени од рак се предизвикани од прекумерна тежина, додека, пак, 54.300 случаи предизвикани од пушење.
Од вкупно 42.000 нови случаи, дебелината е причина за рак на дебелото црево кај 4.800 пациенти, а пушењето за 2.900; од 12.900 нови случаи на заболени од рак на бубрезите, 2.900 биле предизвикани од дебелина, додека 1.600 од пушење; од 5.900 случаи на рак на црниот дроб 1.300 биле последица на дебелина, а 1.200 на пушење; а од 7.500 случаи на заболени од рак на јајници 490 биле дијагностицирани како последица на дебелина, додека само 25 поради пушење.
Во Британија, пушењето сè уште е број 1 причина за рак во генерални рамки, а дебелината доаѓа на второ место.
Но и покрај тоа што бројот на пушачи се намалува, бројот на дебели луѓе значително расте, а експертите за здравство велат дека ситуацијата е загрижувачка.