Одбивањето од страна на САД да ѝ ги предаде на Турција борбените авионите Ф-35 што земјата ги купи, би било „грабеж“, објавија медиумите во четвртокот, цитирајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган околу спорот со купувањето на рускиот систем за воздушна одбрана.
Официјални претставници на САД за „Ројтерс“ изјави дека администрацијата на Трамп сé уште планира да наметне санкции врз Турција и да ја отстрани од програмата Ф-35 ако нејзиниот сојузник во НАТО одлучи да продолжи со купувањето на рускиот противракетен систем С-400.
„Ако имате клиент и тој клиент редовно ви плаќа, како може да не му ја дадете на клиентот неговата стока? Тоа би било грабеж“, изјави Ердоган за новинарите за време на посетата на Кина.
Тој рече дека Турција досега платила 1,4 милијарди долари за авионите Ф-35 и дека биле предадени четири авиони, а турските пилоти заминале во САД на обука.
„Склучивме договор да купиме 116 авиони Ф-35. Ние не сме само пазар, ние сме, исто така, заеднички производители. Ние произведуваме некои делови во Турција“, додаде тој.
По состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп минатиот викенд во Јапонија, на маргините од самитот на Г-20, Ердоган рече дека Анкара ќе биде поштедена од санкциите на САД откако ќе започне пристигнувањето на рускиот систем за воздушна одбрана S-400 во следните денови.
Ако САД ја отстранат Турција од програмата Ф-35 и наметне санкции на својот НАТО сојузник, тоа ќе предизвика голема штета во односите меѓу двете нации.
Трамп сé уште може да ја промени одлуката и да побара ослободување на Турција од санкциите, потег што би ја задоволи Анкара, но би вознемирил дел од сојузниците на Трамп во Конгресот.