Францускиот креатор на висока мода Жан-Пол Готје изјави вчера во Париз дека можеби еден ден ќе се врати крзното, но дека неговата прва колекција без крзно е весела и не претставува „погреб на крзното“.
Во ноември, креаторот рече дека се откажува од крзното, а неговиот гест го поздравија бројни организации за заштита на животните.
Готје рече дека лично му се допаѓа крзното затоа што е топло, но доаѓаат други времиња и крзното може да се замени со нешто друго.
„Дојде време на сè и сешто, и навистина нема потреба да се убиваат животните”, вели креаторот, додавајќи дека сака животни и дека чува мачка како домашно милениче.