Во текот на изминатиот ден(03.07.2019г) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, 14 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 78 мандатни платни налози и 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а три лица со телесни повреди.