Иранскиот министер за разузнавање, Махмуд Алави, рече дека стравувањата од воената моќ на Иран ги спречиле САД да го нападнат Иран минатиот месец, пренесува новинската агенција ИРНА.
„Американците беа исплашени од воената моќ на Иран, тоа е причината поради нивната одлука да ја прекинат одлуката за напад врз Иран”, рече Алави.
Тој додаде дека ако САД ги укинат санкциите и ако врховниот лидер Каменеји дозволи, Техеран и Вашингтон би можеле да разговараат.
„Одржувањето разговори со Америка може да се разгледа само ако Трамп ги укине санкциите и нашите врховни водачи дозволат да се одржат вакви разговори”, истакна тој.
Тензиите меѓу Иран и САД се интензивираа откако Техеран собори американсо беспилотно летало над Ормускиот теснец. Техеран изјави дека беспилотното летало го прекршило иранскиот воздушен простор и не одговорило на повеќе предупредувања.
Техеран, исто така, истакна дека во исто време иранските сили откриле шпионски авион П-8 Посејдон кој го прекршил воздушниот простор на земјата, но одлучиле да не го соборат за да се избегнат жртви.