Информацијата за безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај денеска не беше разгледана на собраниската Комисија за транспорт и врски. Поради сериозноста на проблемот, таа ќе треба да биде разгледана на пленарна седница.
Претседателката на Комисијата Лилјана Затуровска на почетокот на денешната седница рече дека поради сериозноста на проблемот оваа информација треба да биде разгледана пред сите пратеници на пленарна седница. Затоа му се предлага на Собранието да биде ставена информацијата на следната пленарна седница.
Барањето да се разговара за состојбите во патниот и железничкиот сообраќај дојде од пратениците од опозицијата која бара информации од надлежните институции по излетувањето на дел од вагоните на товарниот воз во близина на кумановското село Черкезе.