Новиот тренер на Челзи, Франк Лампард смета дека младите и талентирани играчи ќе можат да го заменат Еден Азар кој беше предводник на тимот и убедливо најдобар мината сезона.
– Го сакам овој клуб и сакам да сторам сé што е можно за Челзи. Заминување на Едем Азар? Имаме многу талентирани млади играчи. Се разбира, изгубивме голем фудбалер, но треба да ги цениме оние кои сега се во клубот. Канте е еден од најголемите играчи на средниот ред во светот, мојата задача е да пронајдам соодветна позиција и улога за него, изјави Лампард.
Претходно стана познато дека 41-годишниот Англичанец го напушти Дерби Каунти, каде беше тренер од мај 2018 година. Лампард потпиша тригодишен договор со Челзи.