Од таборот на Јувентус го потврдија тоа што веќе беше јавна тајна, Џанлуиџи Буфон се враќа во клубот во кој остави неизбришлива трага по само една сезона помината во ПСЖ.
Легендарниот голман утрово пристигна на медицински прегледи во Торино каде беше пречекан од многубројни фанови кои го пречекаа со многу емоции.
Сега веќе нема дилеми, Буфон фудбалската кариера ќе ја заврши онаму каде што најмногу се прослави, а сезонава што доаѓа веројатно ќе биде резервна опција на Војчех Шчезни кој ќе остане прв избор на Маурисио Сари.