Перу ги покани Кина, Русија, Куба, Боливија, Турција и десетици други земји во Лима за да разговараат за политичката криза во Венецуела на 6-ти август, рече перуанскиот министер за надворешни работи, Нестор Пополисио.
Тој истакна дека идејата е да се соберат земји кои се некако поврзани со кризата во Венецуела, со надеж дека состанокот би можел да го охрабри дијалогот и да даде поддршка за нови избори.
Пополисио додаде дека претставниците на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и опозицијата не биле поканети.
-Ние не сакаме да ја поларизираме средбата, рече тој на прес-конференција