Русинките за првпат во 21 век не го поминаа второто коло на Грен слем турнир

Ниту една од десетте руските тенисерки не успеа да го помине второто коло на Вимблдон. Ова е прв ваков случај во последните 19 години.

На Вимблдон 2019 од руските тенисерки настапија: Кузњецова (загуби 1. коло), Флинк (2. коло), Шарапова (1. коло), Александрова (1. коло), Калинскаја (1. коло), Диатченко (1. коло), Гаспарјан (2. коло), Потапова (2. коло), Касаткина (1. коло), Кудерметова (2. коло)

Последен пат Русите не влегоа во третото коло на Грен-слемот Ролан Гарос кога Елена Дементиева и Ана Курникова загубија во втората рунда, Елена Лихновцева, Надежда Петрова, Татјана Панова, Анастасија Мискина, Алина Жидкова, Елена Бовина и Лина Краснокутскаја уште во почетното коло.

Гренд-слем турнири во последните 25 години во кои ниту една Русинка не се пласира во 3. коло:

1994 година Ролан Гарос – настапија две и двете загубија во 1. коло

1994 година Вимблдон – настапија две и двете загубија во 1. коло

1995 година Ролан Гарос – настапија две, една загуби во 1. коло, една во 2. коло
1995 година Вимблдон – настапија две, една загуби во 1. коло, една во 2. коло
1997 година Австралија опен – настапија три и сите беа елиминирани во 1. коло

2000 година Ролан Гарос – настапија девет, седум загубија во 1. коло, две во 2. коло.

Треба да знаете
Последни објави