Сопственикот на месната индустрија „Гавриловиќ”, Георг Гавриловиќ, поради застареност на делото, денеска е ослободен од обвинението за воени профити на суд во Загреб.
Обвинителството го товари Гавриловиќ дека за време на војната, од 11 ноември 1991 година до крајот на октомври 1992 година, со помош на тогашниот министер за финансии Јозе Мартиновиќ, со два милиони германски марки наменети за одбраната на Хрватска, купил пет фирми од составот на месната индустрија „Гавриловиќ”.
Постапката почна пред две години во загрепскиот Жупаниски суд, а Гавриловиќ, кој е државјанин на Австрија, од самиот почеток ја негираше вината, пренесува Хина.
Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал најави жалба на првостепената пресуда.
Канцеларијата се повикува на Уставот и Законот за незастарување на кривични дела кои се однесуваат на воено профитерство.