Русија смета на тоа дека Италија ќе се бори за целосно нормализирање на односи меѓу Москва и Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба во Рим со италијанскиот премиер Џузепе Конте.
– Се надеваме дека Италија ќе биде доследна во тој став и јасно ќе се бори за она што постојано јавно го кажува – имено за целосно враќање кон нормални односи меѓу Русија и Европа, изјави Путин на прес-конференција.
Шефот на руската држава исто така изрази надеж дека новото раководство на Европската комисија ќе биде свесно за штетата предизвикана од санкциите против Москва и ќе воспостави нормални односи со Русија.
– На тој пат има пречки, но многу ќе зависи од волјата на нашите европски партнери, додаде Путин.