Германија продолжува силно да го поддржува проширувањето на ЕУ, оценува потпретседателот на германскиот „Маршалов фонд“, Томас Клајн Брокхоф.
Во интервју за порталот „Јуропиен вестерн Балканс”, Клајн-Брокхоф рече дека поради променетите околности, бил изненаден дека поддршката на политичката заедница сѐ уште била силна.
„Се промени целокупното опкружување. Имаме пофрагментирана ЕУ и шансите за понатамошна фрагментација на Унијата поради популизам и национализам, а за анционалистите ширењето е анатема. Подемот на национализмот во Европа и на Западен Балкан е системски проблем на ЕУ.
„Затоа сум изненаден што поддршката на политичката заедница продолжува да биде силна. Можеше да се претпостави дека поддршката ќе биде помала во такво опкружување, ама такво нешто не видов“, објасни тој.
Одлуката за одложување на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија, и покрај поддршката од Германија за решавање на проблемот со Скопје и Атина, тој ја објаснува со претходната одлука на поврзување на Северна Албанија и Македонија, како и критиките од Франција, Холандија, Австрија и други земји.