Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, се сретна со сенаторот Роџер Викер, шеф на делегацијата на Сенатот на САД во парламентарното собрание на ОБСЕ.
Од опозициската партија информираат дека Ѓорчев како шеф на македонската делегација го запознал сенаторот Викер со актуелните состојби во Македонија.
Двајцата соговорници се согласиле за важноста и значењето на НАТО за мирот и безбедноста на Европа.
„Ѓорчев истакна дека сенаторот Роџер Викер е пријател на нашата земја, нагласувајќи дека Македонија и САД се пријателски земји кои градат силно сојузништво“, стои во партиското соопштение во кое се појаснува дека Ѓорчев учествува на годишната сесија на ПС на ОБСЕ која што се одржува во Луксембург, а на која ќе има свое обраќање и повеќе билатерални средби.