Торнадо го погоди градот Каихуан во североисточниот дел на Кина, при што шест лица загинаа и 190 беа повредени, а оштетени се фабриките и зградите, објавија кинеските државни медиуми во четвртокорт.
Major, destructive tornado in Liaoning, China yesterday, July 3rd! Report via Clima Extremo 24 pic.twitter.com/wWXsoEBk3b
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) July 4, 2019
Ударот на торнадото во овој град во провинцијата Лијаонинг започна вчера попладне.
Државната телевизија во Кина објави снимки од низа разурнати ниски згради и пожарникари што копаат по шутот во потрага по преживеани.