Британската пејачка, модел и глумица, Грејс Џонс ја напушти сцената на новиот филм „Џејмс Бонд”, само неколку минути откако се појави на неа.
По повредите на главниот актер Даниел Крејг, по експлозијата во студиото, каде што за среќа, немаше повредени, се чини, проблемите за филмаџиите не запираат…
До новиот инцидент, наводно, дошло затоа што Грејс била незадоволна, па дури и навредена, од кусиот текст и минутажата што ги добила во филмот. Иако е договорена кратка улога, таа сепак, како што велат изворите, очекувала поголема улога.
– Таа има одреден углед, па сите правеа сѐ за да се чувствува добро. Но, таа очекуваше многу поголема улога, па ова кусо појавување го доживеа како понижување, открива неименуван извор од снимањето на „Бонд 25″.
Грејс во 1985 година ја глумеше негативката Меј Деј во „Џејмс Бонд: Поглед на убиство”, наспроти Роџер Мур како главен протагонист.