На Алјаска деновиве температурата на воздухот може да достигне над 30 степени Целзиусови, побивајќи го забележаниот рекорд во историјата на оваа сојузна држава, јави порталот „Сајанс алерт”.
Според експертите, над територијата на Алјаска се формирал антициклон, односно масивна и екстремно интензивна област со висок притисок. Според прогнозите, таа топла купола ќе доведе до покачување на температурите, особено во јужните делови на државата.
Рекордни високи температури во Анкориџ се забележани во 1969 година кога биле измерени 29,4 степени Целзиусиви. Според Националната метеролошка служба на САД, во следните пет денови овој рекорд ќе биде надминат и температурите најверојатно ќе достигнат и до 32 степени.
Според климатолозите, следната недела ќе биде најтопла во историјата на Анкориџ, со рекордни температури во текот на сите седум денови.
Се прецизира дека изминатите зима и пролет исто така биле најтопли на Алјаска, а температурата во јуни ја надминала просечната месечна норма што предизвикало шумски пожари. Од друга страна, дебелината на морскиот мраз во крајбрејжјето е на многу ниско ниво. Во откриено море водата е потопла за 2.5 степени Целзиусови од нормалата.
Антициклонот, топлата вода и максималната активност на Сонцето, на само десет денови од летната рамноденица (на Алјаска во летниот пероид дневната светлина трае и до 24 часа во едно деноноќие), се основните фактори што придонесуваат абнормални горештини на Алјаска. Според научниците, од средината на месецот температурите можат да се намалат, но сепак јули и август се очекува да бидат топли.
Како што е познато, и европските земји се зафатени од силни горештини.
Според „Коперник”, програма за мерење на загадувањето на воздухот и климата на Земјата раководена од Европската вселенска агенција, јуни 2019 година е прогласен за најтопол месец во светот од моментот кога се започнати систематски мерања на температурата.