Косовското Министерство за надворешни работи донесе одлука да не им даде дозвола на официјални претставници од Белград да влезат на територијата на Косово, објави РТК.
Како што нагласи заменик министерот за надворешни работи Јетљир Зиберај таквата одлука е донесена „по нападот и заканите на српската политика кон Косово”.
– Поради хибридните закани кои Србија ги упатува кон Косово, постојаните пропаганди и лажните вести за земјата и нашите граѓани, како и неодамнешните напори да се воспостави т.н. хуманитарна криза во северниот дел на Косово, која се заканува на српското население кое живее таму и принудувајќи ги да ги затворат своите фирми само поради политичките цели на Белград, Министерството за надворешни работи нема да му дозволи на ниту еден официјален претставник од Белград да го посети Косово и сите барања ќе бидат одбиени се додека продолжи таквото однесување, истакна Зибериј.