Шпанската Ла Лига денеска на официјалниот твитер-профил го објави распоред на натпревари за првото коло од сезоната 2019/20.
Бранителот на шампионскиот трофеј Барселона му гостува на Ателтик.
Распоредот на натпреварите од 1.коло:
Селта – Реал Мадрид
Мајорка – Еибар
Атлетико Мадрид – Хетафе
Еспањол – Севиља
Алавес – Леванте
Валенсија – Сосиедад
Бетис – Ваљадолид
Леганес – Осасуна
Атлетик Билбао – Барселона
Виљареал – Гранада.
Предвидено е натпреварите да се играат на 18 август.
Големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал ќе се одржи на 27 октомври 2019 година на стадионот „Камп Ноу”. Во вториот дел од сезоната кога Реал ќе биде домаќин Ел класико ќе се игра на 1 март 2020 година.