Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на прес конференција најави нов начин и модел на делување на работење, но и на забрзување на напредокот на општеството за што се обврзале пред граѓаните.
-За нас, зборот важи! Како генерален секретар на СДСМ, партијата носител на промените и на напредокот, ја информирам јавноста: СДСМ ги заокружува промените и воведува нов систем на работа и делување, во интерес на граѓаните. Промените продолжуваат. Со почетокот на овој месец, јули, започнуваме и со теренски активности и средби со граѓаните, на терен, во маалата, во селата, во урбаните заедници, низ сите градови и општини. Тимови на СДСМ на централно и локално ниво, придужувани од партиски носители на функции, советници, нашите градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните ширум републиката во текот на летото. На маалски и урбани со граѓаните ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите, изјави Николовски.
Според него, така ќе го забележат она што ќе го посочат граѓаните и итно ќе делуваат низ нивниот систем- што е добро сработено во изминатите две години, а што треба да се подобри.
-Започнуваме од утре во Пробиштип и во сабота од Штип. Продолжуваме секој ден на терен со граѓаните. Со вас сме, на ваша страна, приклучете се, бидете гласни, вашиот став, вашето мислење за нас е важно и битно. Како што ветивме пред изборите, н ема да бидеме на терен само за изборен период или за време на кампања. Токму затоа, почнуваме со активности. Секој ден, континуирано, со граѓаните, до граѓаните, за нив постоиме. Нашите нови претседатели на општински организации, нашите нови тимови заедно со градоначалниците ќе бидат заедно со вас. Уште во следните денови започнуваме со средбите, а сите теренски активности ќе бидат прилагодени на летниот период, по интензитет, време и по карактер. Постепено ќе засилуваат и нашите средби ќе бидат системски и во континуитет, рече Николовски.
Според него, новиот систем на СДСМ значи редовно оценување на политиките, програмите и проектите на сите можни нивоа. Овој процес е започнат и во овој процес се воведени сите градоначалници, директори и претседатели на општинските организации.
-Затоа, паралелно со теренските активности, во тек е длабински процес на опсежна анализа и истражувања за реализацијата на програмите, проектите и мерките на централната, но и на локалната власт. Се прави целосна евалуација на досега сработеното, се евиденира степеност на реализација на проектитеи задоволството на граѓаните, и од политиките и од носителите на истите. Ова ќе го вкрстиме заедно со информациите од граѓаните од терен. Преземаме обврска, преку координирана акција да се надминат сите предизвици во реализацијата на она што е ветено пред граѓаните. За се она што е значајно за граѓаните, целата структура на СДСМ се става во функција за нивното успешно решавање. Токму затоа, ќе бидам тука, деноноќно да работиме во тој правец. Заедно со граѓаните ги донесовме промените, заедно со граѓаните победивме петти пат, заедно со граѓаните продолжуваме да го забрзаме напредокот, за подобар живот на сите наши граѓани низ целата земја.